Вметнете microSD картичка
Користете само компатибилни microSD картички одобрени од Nokia за користење
со овој уред. Nokia користи одобрени индустриски стандарди за мемориски
картички, но некои видови може да не се целосно компатибилни со овој уред.
Некомпатибилните картички може да ја оштетат картичката и уредот или
податоците зачувани на картичката.
Вашиот телефон поддржува microSD картички со капацитет до 8 GB.
За почеток
5
Со уредот може да е обезбедена компатибилна мемориска картичка и може веќе
да е вметната во уредот. Ако не, сторете го следново:
1 Отворете го поклопецот на слотот за мемориска картичка.
2 Вметнете ја картичката во слотот за мемориска картичка со површината за
контакт свртена нагоре и притиснете ја се додека не се заклучи на своето место.
3 Затворете го поклопецот на слотот за мемориска картичка.