Вметнете SIM картичка и батерија
Безбедно отстранување. Секогаш исклучете го уредот и отстранете го полначот
пред да ја отстраните батеријата.
SIM картичката и нејзините контакти може лесно да се оштетат од гребнатинки или
свиткување, затоа бидете претпазливи кога ракувате, ја вметнувате, или
отстранувате картичката.
1 Притиснете и излизгајте го задниот поклопец кон дното на телефонот и
отстранете го (1).
2 Отстранете ја батеријата (2).
3 Вметнете ја SIM картичката во држачот со површината за контакт свртена
надолу (3).
4 Вметнете ја батеријата (4) и заменете го задниот поклопец (5).