Nokia 2690 - Информации за батеријата и полначот

background image

Информации за батеријата и полначот
Вашиот уред се напојува со струја од батерија што се полни. Батеријата наменета за користење со овој уред е BL-4C.

Nokia може да направи дополнителни модели на батерии за овој уред. Овој уред е наменет за користење кога се снабдува

со енергија од следниве полначи: AC-3 . Точниот број на моделот на полначот може да варира во зависност од типот на

приклучокот. Варијантата на приклучокот се идентификува со еден од следниве: E, EB, X, AR, U, A, C, K, или UB.

Батеријата може да се полни и празни стотици пати, но на крајот таа ќе се истроши. Кога времињата за разговор и standby

се значително пократки од нормално, заменете ја батеријата. Користете само батерии одобрени од Nokia и полнете ја

само Вашата батерија само со полначи одобрени од Nokia наменети за овој уред.

Ако некоја батерија се користи за прв пат или ако батеријата не е користена подолго време, може да е неопходно да го

приклучите полначот и потоа да го исклучите и повторно да го вклучите за да започне полнењето на батеријата. Ако

батеријата е целосно испразнета, може да потрае неколку минути пред индикаторот за полнење да се појави на екранот

или пред да можат да се направат било какви повици.

Информации за производот и безбедноста 29

background image

Безбедно отстранување. Секогаш исклучете го уредот и отстранете го полначот пред да ја отстраните батеријата.

Правилно полнење. Отстранете го полначот од електричниот приклучок и од уредот кога не е во употреба. Не оставајте

ја целосно наполнетата батерија поврзана за полначот, затоа што преполнувањето може да го скрати нејзиниот живот.

Ако не се користи, целосно наполнетата батерија ќе го изгуби своето полнење со текот на времето.

Одбегнувајте екстремни температури. Секогаш обидувајте се да ја чувате батеријата помеѓу 15°C и 25°C (59°F и 77°F).

Екстремните температури го намалуваат капацитетот и животниот век на батеријата. Уредот со жешка или ладна

батерија може привремено да не работи. Работата на батеријата особено е ограничена на температури значително под