Nokia 2690 - Возила

background image

Возила
RF сигналите може да влијаат на неправилно инсталираните или несоодветнозаштитените електронски системи во

моторните возила како што се електронските системи за вбризгување на горивото, електронските системи за

спречување на блокирањето при кочење, електронските системи за контрола на брзината и системите на воздушните

перничиња. За повеќе информации, проверете со производителот или со неговиот претставник на Вашето возило или

на било кој опрема што е додадена.

Само квалификуван персонал може да го сервисира уредот или да го инсталира уредот во возило. Погрешната

инсталација или сервис може да бидат опасни и да ја направат неважечка гаранцијата што се однесува на уредот.

Редовно проверувајте дали целата опрема на безжичниот уред во Вашето возило е правилно поставена и правилно

работи. Не чувајте или пренесувајте запаливи течности, гасови или експлозивни материјали во истиот оддел со уредот,

неговите делови или додатоци. Кај возилата опремени со воздушно перниче, запомнете дека воздушните перничиња

се надувуваат со голема сила. Не ставајте објекти, вклучувајќи инсталирана или преносива безжична опрема во

просторот над воздушното перниче или во делот што се користи од воздушното перниче. Ако безжичната опрема во

возилото е неправилно инсталирана и воздушното перениче се надува може да дојде до сериозни повреди.

Користењето на Вашиот уред додека летате со авион е забрането. Исклучете го вашиот уред пред да се качите на авион.

Употребата на безжични телеуреди во авионот може да биде опасна за работата на авионот, да ја наруши безжичната

телефонска мрежа и може да е незаконска.