Камера и видео
Вашиот уред поддржува правење на слики со резолуција од 480x640 пиксели .
За побрзо работење кога фотографирате, поставете ја камерата да користи помала
резолуција кога немате вметнато мемориска картичка.
Фотографирање
За да ја користите функцијата на мирна слика, одберете
Мени
>
Медиа
>
Камера
, или ако видео функцијата е активирана, скролувајте лево или десно. За
да фотографирате, одберете
Фотогр.
.
За да зумирате или одзумирате во режимот на камера, скролувајте нагоре или
надолу.
За да го активирате автоматскиот тајмер или на фотографирате во брза секвенца,
одберете
Опции
и соодветната опција.
За да го наместите квалитетот на сликата, резолуцијата на сликата или време на
преглед, одберете
Опции
>
Прилагодувања
.
Снимање видео клип
За користење на видео функцијата, одберете
Мени
>
Медиа
>
Видео
. За да
започнете да снимате некој видео клип, одберете
Снимај
.
При снимањето, може да се сними видео со понизок квалитет за подолго
времетраење. За да ги промените поставките за квалитет и за да ја поставите
максималната должина на видео клипот, изберете
Мени
>
Медиа
>
Камера
>
Опции
>
Прилагодувања
>
Квал. на видео клип
, или
Дол. на видео клип
.