
Bluetooth безжична технологија
Bluetooth технологијата ви дозволува да го поврзете вашиот телефон користејќи
радио бранови, со компатибилен Bluetooth уред во опсег од 10 метри (32 стапки).
Поставки 19

Овој уред е во согласност со Bluetooth спецификацијата 2.0 + EDR што ги поддржува
следниве профили: генерички пристап, хендсфри, слушалки, туркање објекти,
пренос на датотеки, мрежно бирање, сериски порт, пристап до SIM, генеричка
размена на објекти, напредна аудио дистрибуција, аудио видео далечински
управувач и генеричка аудио видео дистрибуција . За да осигурате
интеропратибилност помеѓу другите уреди што поддржуваат Bluetooth
технологија, користете додатоци за овој модел што се одобрени од Nokia.
Проверете со производителите на другите уреди за да ја утврдите нивната
компатибилност со овој уред.
Функциите кои што користат Bluetooth технологија ја зголемуваат побарувачката
на енергија од батеријата и го намалуваат животниот век на батеријата.
Поставување Bluetooth врска
Изберете
Мени
>
Прилагоду.
>
Конектив.
>
Bluetooth
и преземете ги следниве
чекори:
1 Изберете
Име на мојот телефон
и внесете име за вашиот телефон.
2 За да активирате Bluetooth поврзаност изберете
Bluetooth
>
Вклучи
.
покажува дека Bluetooth е активиран.
3 За да го поврзете вашиот телефон со аудио додаток, изберете
Поврзи се со
аудио додатоци
и уредот што сакате да го поврзете.
4 За да го спарите вашиот телефон со било кој Bluetooth уред во опсегот,
изберете
Спарени уреди
>
Дод. нов уред
.
Дојдете до најдениот уред и изберете
Додај
.
Внесете лозинка (до 16 знаци) на вашиот телефон и дозволете ја врската на
другиот Bluetooth уред.
Ако сте загрижени за безбедноста, исклучете ја Bluetooth функцијата или поставете
Видливост на мојот телефон
на
Скриени
. Прифаќајте Bluetooth комуникација
само од оние на кои им верувате.